Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата – Избери ја твојата омилена маска и учествувај на традиционалниот првоаприлски “Ден на шегата”

Највеселиот ден во годината за најмалите жители на Крива Паланка, а секако со ведро расположение и за постарите е „Денот на шегата“, први Април. Секоја година настанот се одбележува и главно место завземаат најмалите, најслатките, најсмешните и највеселите дечиња од Крива Паланка, ученици во ОЈУДГ Детелинка, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски.

Традиционално главната манифестација се одржува на плоштадот во Крива Паланка, со претходно дефиле на многубројните дечиња и младинци низ градските улици, во училиштата и детската градинка. Шаренило од костими на принцези и принцови, омилени супер херои, кловнови, магионичари, пирати, доктори, полицајци, госпоѓици и многу други маски смислени од креативните умови на најмладите и изработени од нивните вредни раце, се разбира со помош на возрасните секоја година се извор на радост и шега. На овој ден се е во знакот на шегата, се кажуваат досетки и шеги, се слуша музика, се игра и пее, а на крајот се избираат најинтересната шега и маски.

Секако, настанот е од отворен карактер и секој кој што се чувствува во духот на првоаприлската шега е и повеќе од добредојден.

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија