Категории

Истражи ја Крива Паланка – поврзи се со природата – Предлог настани за периодот

Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република  Северна Македонија, сместен во областа Славиште, под падините на Осоговските Планини на двата брега на Крива Река.

Името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на Крива Река. Поранешното име на градот било Егри Дере, што на турски јазик значи „крива река“. Подоцна, зборот „Паланка“ го заменил турскиот збор „дере“.

Градот е еден од помладите градови во државата. Градот бил формиран од Турците, поточно од Бајрам-паша и градот имал важност како воен и одбранбен центар. Тој центар имал за цел да го зајакне тој регион на Македонија. Основањето на градот е забележано во турските документи од 1043 година по муслимански календар или по стандардното христијанско броење во 1633 година. Тој документ, поточно плоча, се чувала на влезот во тврдината и била испишана со арапска азбука. Подоцна плочата се пренела во џамијата што се наоѓала во центарот на градот. Денеска оригиналната плоча се чува во Музејот на Македонија, додека копија од неа се наоѓа во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Крива Паланка изобилува со многу богатства но и со многу културни и спортско рекреативни настани.

Воедно градот во претстојниот период ви препорачува да ги посетите следниве настани:

 

Mанифестација Невестинско поклонение на Свети Теодор Тиронна 17.03.2019

Културната манифестација Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон, е длабоко вкоренета во поколенијата со што се негува култот кон Свети Теодор Тирон, за кого се верува дека е заштитник на родот и породот.

На манифестацијат млади невести кои се омажиле меѓу две Тодорови саботи, придружувани од своите свекрви облечени во автентични народни носииј, се поклонуваат на светецот молејки се за добра и сигурна рожбa.

Меѓународна 4М планинарска трансферзала

Панинарската трансверзала 4М (по патот на една легенда  од 11век) е прва брендирана трекинг патека во Македонија. Има за цел да ги поврзе манастирите на некогашните пустиножители Св. Гаврил Лесновски и  Св. Јоаким Осоговски во Македонија, Св. Јован Рилски во Бугарија и св. Прохор Пчински во Србија. (период:  претпоследен викенд на мај)

Спортска манифестација Рели „Калин камен“

Релито “Калин Камен” е манифестација која има спортски и рекреативен карактер. Должината на патеката е 64 километри, а 80 проценти од неа се одвива на земјен пат или во области каде што воопшто нема пат, а целото патување трае околу 8 часа со вклучени паузи за одмор за учесниците. Најголемата разлика помеѓу најниската и највисоката точка – Царев Врв (2.085 метри надморска височина) е 1.500 метри. (период: 24 мај и 15-16 јуни)

Пешачкo рекреативна патека “Стара Вада”

Изградбата на овој објект е некаде средина на 19 век при што бил изграден канал со проточна вода од с.Дурачка Река до Крива Паланка (т.н Стара вада која постои и ден денес), a која била од исклучително значење за понaтамошниот развој на градот.

Со изградбата на пешачката патека овој локалитет полека го претвора во нова туристичка атракција, позиционирана на високата периферија на градот, со можности за прошетка, одмор, рекреација, уживање и неповторлива глетка на Крива Паланка. (идеален период  за користење на патеката: мај –  септември)

Меѓународен фолклорен фестивал СВ. Јоаким Осоговски

На фестивалот покрај културно-уметничките друштва од Крива Паланка и Македонија, учество земаат фолклорни ансамбли и културно-уметнички дурштва од повеќе градови во Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Словачка, Белгија, Бугарија, Црна Гора, Романија.

Фестивалот секоја година започнува со свечено дефиле на повеќе од двесте фолклористи во колоритни носии кое завршува на градскиот плоштад каде е и главниот настан, односно претставувањето на учесниците на фестивалот со чекорите и звуците на игри и песни од својата земја и од својот крај, шаренило на бои, обичаи и традиции кои оставаат без зборови. (период: последна недела на август)

Музички рок фестивал „Joyfest

“Joyfest” е настан кој на општо задоволство на повеќе генерации нуди одлична програма и полека прераснува во своевидна туристичка атракција каде може да се слушне добра музика, да се ужува во целовечерен рок концерт од реномирани имиња во рок музиката и да се биде дел од дружење и забава до раните утрински часови срдечно пречекани од кривопаланчани. (период: последна недела на август)

Меѓународен театарски фестивал (1-10 октомври)

Фестивалот постои повеќе од 10 години. Во последните неколку години фестивалската програма континуирано се збогатува со поквалитетна продукција и денес слободно може да се каже дека театарската сцена во Крива Паланка е доволно привлечна за најпознатите театарски ансамбли и важни театарски имиња од целиот регион.

На фестивалот, покрај домашните, присуствуваат и по неколку театарски ансамбли од соседството. Секоја година, Организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал 

“Свети Јоаким Осоговски” дава награда за посебен придонес во македонската театарска уметност и култура.

Годишен распоред на настани за Крива Паланка

Прослава на Бадник (06 јануари)
Прослава на Водици на (19 јануари
Ден на шегата (01 април)
Велигденска традиција  (втор ден Велигден)
Пролетна школа за етнографија на социјализмот (почеток на мај)
Св. Кирил и Методиј – Ден на просветата и културата  (24 мај)
Планинарска трансферзала ЦАРЕВ ВРВ (последен викенд во јуни)
Летна школа за архитектура  (почеток на јули)
Кривопаланечко културно лето (20.07 – 31.08)
По патот на рударите –планинарење (28 август)
Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“  (прва половина на септември)
Ослободување на Крива Паланка (08 октомври)
Меѓународен фестивал на староградска музика (последна недела од октомври)
Фестивал на детска песна „Распеано симитче (прва половина на декември)
Новогодишни празнувања (25-31 декември)

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија