Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата – Во духот на христијанството, повелете на велигденска традиција

Манифестацијата Велигденска традиција се организира во чест на големиот христијански празник Велигден и има за цел да ги промовира традициите поврзани со празнувањето на празникот, а една од нив е боење или шарање на јајца кои треба да го симболизираат Христовото воскресение.

Организатор на манифестацијата  „Велигденска традиција“ е ЛУ Градски музеј од Крива Паланка. Настанот го подржуваат и учество земаат Организација на жени од Крива Паланка, основните училишта  „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, а покровител  е Општина Крива Паланка.

Во програмата е предвиден хепенинг за избор на најубаво украсено велигденско јајце, најинтересна велигденска декорација, притоа секако неодминлив дел е дегустацијата на традиционално подготвена храна од вештите раце на кривопаланечките домаќинки, јадења кои се карактеристични за велигденските празнувања и секако неодминлив дел е пригодната музичка програма.

Повелете, Крива Паланка Ве очекува!

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија

Прегледи:
515
Објавено на:
24.04.2019