Категории

Истражувањата покажаа: Колку долго треба да трае денот за жените да ги постигнат сите обврски?

Научниците дошле до заклучок дека на денешните жени им е потребен ден кој трае 28 часа за да ги постигнат сите обврски. 

Шест од десет жени дошле рекле дека им е потребен подолг ден и тоа за 3 часа и 36 минути. На тој начин единствено ви успеале да ги завршат сите работни обврски, семејни активности и социјален живот.

Половина од жените кои учествувале во истражувањето од нив 2.000 рекле дека ги жртвуваат часовите предвидени за спиење за евентуално да направат нешто за своја душа: да вежбаат или да се дружат.

Како што пренесува порталот „The Sun“ тоа значи дека многу жени дневно спијат само шест часа наместо препорачаните осум. Жените кои работат најчесто се на работа од 9 до 17 часот, а некои од нив одговориле дека заглавуваат на работа и до 19 часот.

Половина од жените изјавиле дека стануваат пред 6 часот наутро, а не легнуваат пред полноќ. Сето ова предизвикува состојби како што се премор, проблем со концентрација, создавање подочници и уморна кожа.

Кога би имале ден кој трае 28 часа, жените вклучени во студијата изјавиле дека повеќе би се дружеле со пријателите и партнерот, би се посветиле на готвењето и би поминувале повеќе време вежбајќи.