Категории

Истражувањата покажаа: Овие 5 работи се случуваат во нашето тело кога ќе се заљубиме

Не се ни сомневавте …

Го знаете она чувство кога ќе се заљубите, па стомакот ви е полн со “пеперутки “, дланките ви се потат, зениците ви се шират?

Еве што се случува во вашето тело кога ќе ја пронајдете „сродната душа“:

 

Похрабри сте

Точно тоа чувство дека сакате што поскоро да ја видите личноста во која сте заљубени вè тера да преземете повеќе ризици и да бидете похрабри за да го добиете она што го сакате.

 

Деконцентрирани сте

Ако не можете да се фокусирате на една задача која е пред вас, обвинете ги „пеперутките“ во стомакот! Заљубеноста се меша во способноста на вашиот мозок да се посвети на една активност.

 

Имате поголема самодоверба

И повеќе оптимизам, затоа што одеднаш, како да се е во ред, а и она што не е, повеќе не е важно, важно е само кога повторно ќе ја видите саканата личност.

 

Попаметни сте

Барем накратко! Заљубеноста ослободува допамин, кој ги зајакнува когнитивните и моторните вештини. Учесници во едно истражување станале краткорочно повешти за извршување на комплицирани задачи откако го виделе името на личноста што ја сакаат на компјутерскиот екран.

 

Постабилни сте

Една голема студија спроведена во Германија покажала дека чувството на заљубеност има длабоки ефекти врз личноста, дури и кога имате проблеми. Пациентите кои страдале од вознемиреност или депресија станале постабилни кога се заљубиле.

Прегледи:
502
Објавено на:
27.01.2020