Едно од најинтимните прашања што можеме да ги поставиме на некој, е дефинитивно она за бројот на сексуални партнери.
Но, познато е дека некои луѓе сакаат да ја зголемат бројката на луѓе со кои спиеле, а други сакаат малку да скратат.
Истражувањето спроведено од „ЕуроКлиникс“ открива со колку луѓе спие просечно лице. Како дел од истражувањето за сексуалните навики, истражувачите земале примерок од 2.000 луѓе, а еве кои се нивните одговори.
Дури 25 проценти од луѓето откриле дека имале секс со две до четири лица, 14 проценти од нив тврдат дека имаат секс со само еден партнер, но два проценти откриле дека имале повеќе од 91 партнер. Четири проценти не се сигурни во бројката.
Еве како се распоредиле другите:
0 – 3%
1 – 14%
2-4 – 25%
5-9 – 22%
10-15 – 13%
16-20 – 7%
21-30 – 4%
31-40 – 2%
41-50 – 1%
51-70 – 1%
71-90 – 1%
91 или повеќе – 2%
Не знам – 4%