Категории

Италијански готвач ја открива тајната: Еве како да направите совршена паста карбонара! (РЕЦЕПТ)

Паста карбонара е популарен италијански специјалитет во чиј вкус многумина со задоволство уживаат. Познатиот италијански готвач Џенаро Конталдо кој ги дели своите рецепти и на порталот на слвниот Џејми Оливер открива одлични трикови за највкусната паста која ќе ја пробате.

Состојки:

  • 3 големи жолчки
  • 40 гр пармезан
  • 150 гр панчета
  • 200 гр шпагети
  • 1 чешне лук
  • маслиново масло

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gennaro Contaldo (@gennarocontaldo) on


Подготовка:

  • Помешајте ги жолчките, пармезанот, побиберете и изматете.
  • Панчетата исечкајте ја на мали парчиња и зачувајте ја кожата од неа.
  • Сварете ги шпагетите во солена вода и зачувајте малку од водата.
  • Со кожата од панчетата поминете го дното од тенџерето.
  • Излупете го лукот и згмечетее го со дланка, па ставете го во загреаното тавче.
  • Оставете минута за да се почувствува вкусот, а потоа додадете ја панчетата и печетее додека не стане малку крцкава.
  • Извадете го лукот од тавчето, додадете ги тестенините и промешајте.
  • Тавчето тргнете го од оган, додадете малку од водата во која се вареа тестенините, побиберете и ставете ја смесата од јајцата.
  • Промешајте и по потреба додадете уште малку вода.

 

Прегледи:
1013
Објавено на:
03.04.2019