Категории

Фото+Видео: Иво Цветковски го освои златниот медал на”WORLD CUP 2016″

Македонскиот каратист Иво Цветковски освои златен медал во борби во категоријата до 75 килограми, на Светскиот куп „Лашко 2016″ што почна денеска во Словенија.

Членот на Металург во финалето го совлада Мајед Алхалиф од Саудиска Арабија со 3-0, а во полуфиналето нашиот Тодор Ристески со 8-0. До финалето, Цветковски ги совлада Стефан Петков од Бугарија 3-0, Габор Харспатаки (Унгарија) 1-0 и Мурат Сахин од Швајцарија со 2-1. Ристески (КК Спорт 94), пак, ги победи Јусеф Хасани од Алжир со 3-2, Игор Попович од Украина со судиско изјаснување (1-1), Марјан Логарушиќ од Хрватска со 1-0 и Никола Јовановиќ од Србија со 2-0, но во борбата за бронза во репасажот беше поразен со судиско надгласување од Швајцарецот Сахин откако мечот заврши 0-0 и Ристески заврши како петти.

Во оваа категорија, деветтопласираниот Енес Смаилагиќ ги победи Антон Бродовскиј од Украина – 2-0, Адам Јахија Шериф од Алжир – 2-1, а загуби со 0-4 од Маед Ахалифах од С.Арабија. Во репасажот, загуби од Рајан Џеј од Англија со 0-6 за 9. место во конечниот пласман. Петар Заборски од Макпетрол во второто коло загуби од Хрватот Алан Шурбек 0-1, Азиз Исмаил (Металург) испадна од Раеф Алтуркистани од С.Арабија (2-3), а Халит Османи (Макпетрол) од Словенецот Ардит Рушити (0-4).

Во категоријата до 84 кг, Сашко Патраклиев од КК Македонка оствари две победи – против Ибрахим Нантуми од С.Арабија (2-1) и Пламен Мошеков од Бугарија – 2-0, а загуби од Роман Рехлитскиј од Украина со 0-1. Огнен Груевски во првата борба беше совладан од Мери Муховиќ од Босна и Херцеговина со 0-4, а во репасажот од Љубиша Михаиловиќ од Црна Гора со 1-2 за пласман на 11. место. Виктор Крстевски, според сајтот на ВКФ, победил против Микола Буријак од Украина со 5-0, но нејасно е зошто не ги продолжил натпреварите. Орхан Билали (Макпетрол) загуби на стартот од Хрватот Анте Мрвичиќ со 0-3.

Во најтешката категорија над 84 килограми, Жарко Арсовски од Макпетрол во загуби полуфиналето од Турчинот Јашар Зија со 0-1, а во борбата за бронзен медал со ист резултат и од Алжирецот Мисипса Хамидини, па го освои 5. место. Претходно славеше над Бенјамин Нуркиќ од БиХ со 1-0, Себастијан Будихна од Словенија (по судиско изјаснување, 0-0) и Миралем Манџука од БиХ 1-0. И Мики Стојмановиќ од истиот клуб двапати загуби од истите противници – на стартот од Зија 0-4, а во репасажот со ист резултат од Хамадини и го освои 9. место. Се очекуваше многу од Мартин Несторовски (Металург), но тој уште во првата борба беше елиминиран од Манџука со 0-4.

Наташа Стефановска ( до 61 кг, Макпетрол) ги совлада Жаклин Фактос од Еквадор и Олга Степанова од Русија со по 1-0, а потоа загуби 1-2 од Стефани Кауп од Австрија. Во оваа категорија, Сара Симоноска од КК Спорт 94 преку репасажот можеше до медал, иако во првото коло беше совладана со 0-6 од Украинката Анита Сегорина. Симонска во првата борба ја совлада Бернадет Јухаш од Унгарија со 5-0, но потоа беше поразена од Тина Мариќ од Хрватска со 0-4. Анамарија Несторовска (Металург) во оваа категорија е елиминирана од Турчинката Румејша Пекшен со 0-1, а Билјана Манева загуби од Најлија Гатаулина од Русија со 1-5.

И Марија Василева (КК Ботони, до 68 кг) го освои седмото место, исто како и Симоноска, со учинок од две победи и еден пораз. Триумфираше против Фортеса Орана од Косово – 2-1 и Емина Бркиќ од БиХ – 3-1, а загуби високо 0-8 од Алиса Бухингер од Австрија. Во репасажот Украинката Ирина Каминска ја победи Василева со 2-1. Моника Стефаноска (Макпетрол) прво ја победи Украинката Дарија Гончарова 0-1, но беше совладана од Викторија Пиларова од Словачка со 0-3. Драгана Тодорова (над 68 кг, Металург) ја победи Асја Џеду од Алжир со 2-1, а потоа испадна од Бугарката Борислава Ганева со 0-1.

Утре продолжуваат борбите во преостанатите каѕтегории.

На видеото можете да погледнете дел од борбата на Цветковски.

Sampionski :))

Posted by Metalurg Metalurg Metalurg on Saturday, March 12, 2016

Прегледи:
480
Објавено на:
13.03.2016