Категории

Изборете со есенската меланхолија: 4 природни решенија за анкциозност предизвикани од тмурното време!

Кратките тмурни денови можат да предизвикаат анкциозност, а кај некои тоа може да прерасне дури и во сезонско афективно пореметување или сезонска депресија

Голем број луѓе не се чувствуваат премногу мотивирани во текот на есенските денови, а експертите објаснуваат зошто е тоа така. Тие веруваат дека зголемувањето на бројот на облачни и тмурни денови го нарушуваат производството на мозочни хемикалии кои влијаат на расположението, како серотонин и мелатонин, додека други тврдат дека намалената сончева светлина предизвикува недостаток на витамин Д во организмот, што доведува до развој на депресивни емоции.

Симптоми на сезонско афективно пореметување вклучуваат анкциозност, депресија, недостаток на енергија, социјално повлекување, губење на интерес за вообичаени активности, зголемување на телесната тежина и промени во апетитот.

Добрата вест е дека оваа состојба може да се победи по природен пат. Еве неколку опции за подобрување на расположението.

Вежбање

Редовната физичка активност го намалува стресот и анкциозноста. Го подобрува лачењето на ендрофините во телото, хемикалија која го подобрува имунитетот и го подобрува расположението.

 

Витамин Д

Најлесен начин да се внесе витамин Д во организмот е преку сончева светлина, меѓутоа, за време на зимските месеци овој природен начин е оневозможен.

Мрсните видови на риба како харинга и лосос имаат поголема количина од овој витамин. Исто така, додатоците се добар начин за задоволување на потребата од овој витамин.

 

Омега 3 масни киселини

Омега 3 масните киселини овозможуваат одржување на серотонин и допамин во организмот, кои се одговорни за доброто расположение. Риба, ленено семе и ореви се одлични извори на овој додаток.

 

Јаглехидрати

За време на есенскиот период постои зголемена потреба од јаглехидрати како резултат на намалена активност на серотонинот. Затоа организмот има потреба за намирници кои што позитивно ќе влијаат на вашето расположение.

Изборот на вистинските јаглехидрати е многу важен. Преработените или засладени јаглехидрати брзо ќе го зголемат нивото на шеќер во крвта и ќе предизвикаат скок на инсулин. Кога шеќерот се метаболизира ќе дојде до ненадеен пад на шеќерот во крвта, што може да предизвика замор и раздразливост.

Изберете овошје и зеленчук за да ја контролирате желбата за јаглехидрати, но потрудете се да внесувате и протеини за време на секој оброк.

Прегледи:
417
Објавено на:
13.10.2019