Категории

Избран е зборот на годината – Може ли да погодите кој збор ја одбележа 2021?

Американската компанија „Меријам – Вебстер“ го избра терминот „вакцина“ за збор на годината, соопштуваат од компанијата.

Наведуваат дека зборот „вакцина“ добил значење поинакво од медицинското, па така ги опфаќа дебатите за личниот избор, политичката припадност итн. Компанијата која објавува речници потсетува дека зборот на 2020. година беше „пандемија“.

Зборот „вакцина“ пребаруван е за 601 отсто почесто отколку во 2020. година. Меѓутоа, интересот за вакцина пораснал од почетокот на ширењето на вирусот. Прегледите пораснале за 535 отсто во август. Тоа се случило по дебатата во САД во врска со одобрување на вакцините.

Оксфордскиот унивезитетски печат, кој го објавува „Оксфордскиот речник на англиски јазик“, соопштил дека во октомври за збор на годината е избран зборот „вак“. Зборот „вакцина“ произлегува од латинскиот збор за крава „вака“ (Vacca), бидејќи кравјите сипаници се користени за имунизација на луѓето против малите сипаници.

Прегледи:
448
Објавено на:
01.12.2021