Во финалето на „Евросонг 2016 година“ на 14 мај во Стокхолм, освен „големата петорка“ ќе настапат и претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта.
На овогодинешниот музички натпревар ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австријалија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи утре, во втората полуфинална вечер, под реден број осум.
Шведска по третпат е домаќин на Евросонг.