Категории

Избришете го целулитот за 30 дена

За да го избришете целулитот и да се спремите за топлите денови не ви се потребни скапи козметички средства или третмани. Ние го имаме 30 дневниот план со кој резултатите ќе ве изненадат.

Пешачете

Не звучи иновативно, но најдобар начин да го подобрите своето здравје изглед е токму пешачењето. За да постигнете резултат за 30 дена, треба секојдневно да пешачите од 2 до 5 километри, шест дена во неделата.

Посебни вежби

За да постигнете ефект на мазна кожа без целулит потребо е да вежбате. Не мора да одите во теретана. Има неколку вежби кои даваат екстра резултат. Седнете на под, така што едната нога ќе ви биде свиткана и со стапалото ќе се потпира на подот, а другата нека биде исправена. Кревајте ја нагоре со кратко задржување. Повторете го тоа во неколку серии, а потоа направете го истото со другата нога.

Застанете на под на колена и потпрени на лактите. Кревајте ја едната нога со свиткано колено во агол од 45 степени. Кревајте ја ногата така што стапалото ќе ви биде над висината на задникот. Потоа направете го истото и со другата нога.

Калории

Јадете кога сте гладни. Никогаш не дозволувајте да прегладнете. Без разлика што сте на диета внесувајте по 1500 калории на ден. Бројте ги калориите. За да ви биде полесно користете го нашиот мерач кој се наоѓа на нашата страна.

Прегледи:
525
Објавено на:
20.04.2016