Категории

Издавачката куќа Култура распишува конкурс за „Романијада“

Имате талент и желба за пишување, но не знаете како да го пуштите вашиот глас во книжевниот свет?

Не гржете се, обидете се да го покажете својот талент преку новот конкурс на Култура АД Скопје. Тие повторно го распиша конкурсот за „Романијада“, кој е наменет за млади неафирмирани книжевни автори од Република Македонија кои имаат дарба и мотивација за пишување.

Целта на овој конкурс е да се поттикне креативната мисла кај младите и да им се даде шанса да се промовираат во Македонија, но и пошироко во регионот.

Критериуми за учество на конкурсот РОМАНИЈАДА се следниве:

  • Aвторот да не биде постар од 35 години;
  • Авторот да нема објавено книжевно дело;
  • Ракописот треба да биде прозно дело од жанрот: драма, трилер, научна-фантастика, криминалистика, љубовен или авантура;
  • Ракописите не треба да бидат помали од 100 страници, да бидат напишани на кирилица во македонска подршка со фонт 12, Times New Roman во А4 формат, 1,5 проред;
  • Ракописите треба да се достават по електронски пат на : [email protected] до 15 февруари 2018 година.
  • Покрај ракописот кандидатите треба да приложат своја кратка биографија и нивен предлог-маркетинг план за афирмација на делото.

Од ИП Култура соопштуваат дека пристигнатите ракописи ќе бидат евалуирани од страна на жири комисија во март 2018 година, додека добитникот ќе биде објавен до крајот на април 2018 година и најдобро оценетиот ракопис ќе склучи ексклузивен издавачки договор со издавачката куќа Култура АД Скопје и ќе биде издаден во септември 2018 година.