Кога не внимаваме на својата кожа и без заштита се изложуваме на силното сонце или пак поминуваме долго време изложени на ув зрачењето, резултатот е непријатно црвенило на кожата. Што потоа?
Домат
Доматот има антиоксиданси кои спречуваат инфекции на површината на оштетаната кожа од сонцето. Испасирајте домат и смесата нанесете ја на изгореницата, а потоа оставете ја половина час.
Краставица
Маската од краставица се користи за сувата кожа на лицето бидејќи ја стимулира циркулацијата и природно ја обновува кожата. Краставиците се добро решение и за изгорениците од сонцето. Нанесете парчиња краставица на кожата и оставете ги 15-20 минути.
Јогурт
Ова е познат метод за намалување на изгорениците од сонцето бидејќи ги ублажува симптомите како печењето. Нанесете јогурт на критичните зони и оставете го 15-на минути.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет ги отстранува штетните бактерии од површината на кожата. Измешајте половина литар студена вода и половина шолја јаболков оцет, а тоа нанесете го на изгорениците и оставете го 15 минути.
Компир
Компирот е познат природен лек за „извлекување“ на температурата. Овој зеленчук делува и како природен анелгетик. Излупениот компир нанесете го на кожата и оставете го барем 20 минути.