Категории

Изгубете 5 килограми за 7 дена со помош на оваа супа!

Доколку ја јадете оваа диетална супа, ќе бидете воодушевени со резултатите веќе по неколку денови. Ви го претставуваме рецептот за диетална супа која сигурно ќе ви стане омилено јадење.

 

Состојки:

– 6 главици кромид средна големина

– неколку домати

– 1 мала зелка

– 2 зелени пиперки

– целер

– 1 коцка за супа

Подготовка:

Исечкајте го зеленчукот на средни парчиња, додадете вода, сол и бибер по вкус. Варете го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата додека зеленчукот не стане мек. Во текот на диетата не смеете да консумирате брза храна, шеќер, алкохол, леб, газирани пијалаци, било каква масна и пушена храна.

Мени за 7 дена:

1. ден – Чинија супа и било какво овошје, освен банана. Можете да пиете чај, кафе или вода.

2. ден – Супа и зеленчук (свежо или конзервирано). Не смеете да јадете пченка, грашок и грав.

3. ден – Супа, овошје и зеленчук, но без компир.

4. ден – Супа, овошје и зеленчук, вклучувајќи и банана и млеко.

5. ден – Супа, варено месо и домат.

6. ден – Супа, варено месо и зеленчук.

7 ден- Чинија супа, варен ориз со зеленчук, овошен сок.

Во текот на диетата пијте што повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со физичките активности.

Прегледи:
691
Објавено на:
02.05.2018