Категории

Изненадувањето за неговата баба го воодушеви светот

Дејвид Гудлингс одлучил да направи нешто посебно за роденденот на својата баба, па ја однел на најверојатно најубавото возење во нејзиниот живот.

Тие се возеа и го слушаа радиото, кога програмата се прекина за да биде соопштена “важна вест”. Имено, дечкото го замолил целото семејство и блиските луѓе на неговата баба да снимат роденденски честитки за нејзиниот 86-ти роденден.

Шокираната баба внимателно ги слушаше убавите желби, а потоа заплака од среќа. Дејвид потоа ја смени радио станицата, каде ја дочека роденденска честитка од братот кој го немала видено со години.

Разнежнетата баба не можеше да престане да плаче од среќа, а Дејвид ги собра симпатиите на илјадници луѓе кои го погледнаа видеото на интернет.

Прегледи:
608
Објавено на:
30.07.2016