Категории

Изострете го видот природно со помош на овие намирници

Морковот нема да ви помогне да го поправите својот вид, но затоа ќе ви помогне во борбата против слабеењето на видот кој се јавува со текот на годините.

Оваа намирница се смета за „храна за очите“ бидејќи е богата со витамин А. Меѓутоа, витаминот А не е единствен додаток потребен за здрави очи. За да остане вашиот вид остар потребни ви се дури 6 хранливи материи за да го подобрите и заштитите.

Лутеин и зеаксантин

Лутеинот и зеаксантинот припаѓаат во каротеноидите кои се наоѓаат во вашите очи, а кои имаат својства на антиоксиданси. Бидејќи оксидативниот стрес се поврзува со оштетените нерви за вид (што доведува до различни проблеми), антиоксидансите можат да го спречат понатамошното оштетување на вашите очи. Овие хранливи материи можете да ги пронајдете во намирниците како брокула, пршута, лук, пченка, јајца, каранфилче, папаја.

 

Омега -3 масни киселини

Сигурно веќе знаете дека овие добри масти се потребни на вашето срце, но тие се клучни и за вашите очи. Омега -3 масните киселини имаат природни својства кои делуваат против воспаленија, а ниските количини на овие здрави масти се поврзуваат со разни блести на очите.Намирниците како што е лененото семе, ленено масло, лосос, сардина, туна и 0реви се одличен извор на Омега 3 масни киселини.

Витамин А

Ова е витаминот поради кој мрковот има толку  добра репутација, барем кога станува збор за подобрување на видот. Како и лутеинот и зеаксантинот, и витаминот А делува како антиоксиданс кој се бори против оксидативниот стрес. Можете да го пронајдете во дињата, морковот, мангото, сировата црвена пиперка, спанаќот.

Витамин Ц

Истражувањата сугерираат дека дневната доза на витаминот Ц е многу важна за вашето тело. Секоја клетка на телото зависи од витаминот Ц бидејќи станува збор за силен антиоксиданс кој ги штити клетките од различни оштетувања. Грејп, киви, портокали и јагоди се само некои од намирниците богати со витамин Ц.

Витамин Е

На Витаминот Е честопати не му се придава големо внимание, но и тој е многу силен антиоксиданс. Истражувањата покажуваат дека витаминот Е може да ве заштити од различни болести на очите, бидејќи се бори против штетните слободни радикали. За да ги задоволите потребите за овој важен витамин, вклучете го во вашата исхрана повеќе црвеното месо и јогуртот.

 

Прегледи:
665
Објавено на:
08.06.2018