Категории

Изведба на операта „Севилскиот бербер“ на 11. февруари во НОБ

Во вторник, 11.2.2020 г. со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Диригент, Ѓурѓица Дашиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер Љупка Јакимовска , сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Кристијан Колија (Италија), Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Сиљановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Саша Смилевски.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет , како и online на www.operabalet.mk

Прегледи:
743
Објавено на:
07.02.2020