Категории

Ја викале “убиец од пола тон”, а сега како да е сосема друга жена

Мајра Гонзалес успеала да качи неверојатни 453 килограми. Прекумереното нездраво јадење започнало кога таа одлучила да ја заштити својата сестра Џејми и да ја преземе вината за смртта на својот внук Елси. Ова се случило во 2008-ма година, и како што вели, од тогаш таа се откажала од животот.

Мајра (36) им кажала на полицајците дека таа го задушила детето превертувајќи се над него. Меѓутоа, со обдукцијата подоцна било откриено дека момчето починало од бројни повреди нанесени на неговиот череп. Тогаш сестрата на Мајра била приморана да оди во затвор, бидејќи било утврдено дека всушност таа си го убила сопственото дете. Ја осудиле на 15 години затвор, а Мајра се заколнала дека ќе го донесе своето тело во ред за да може да се грижи за останатите деца на својата сестра.

Така од 2011-та година наваму полека но сигурно започнала да слабее. Попатно поминала низ 11 операции за нејзинотот тело конечно да добие нормална форма.

“Сега храната ми претставува нешто што ми помага да преживеам, а порано живеев само за да јадам”, вели оваа жена.

Таа само за првите десет дена успеала да изгуби 45 килограми. Кога симнала доволно тежина, подлегнала на хируршко намалување на желудникот. После многу труд и напор, оваа жена денес има 90 килограми, повеќето од здраствените проблеми исчезнале, а има дури и момче за кое претходно можела само да сонува.

Покрај тоа, успеала и да ја придобие љубовта на децата од својата сестра па сега таа е нивниот старател кој конечно може да им се посвети и да се грижи за нив.

Прегледи:
289
Објавено на:
20.03.2017