Категории

Јаболки, гриз, чоколадо: Рецепт за совршен брз колач!

Лесен и многу вкусен десерт!

Состојки:

  • 4 -5 јаболки
  • 100 г шеќер
  • 50 г ореви
  • 3 јајца
  • 2 лажички гриз
  • 2 лажички брашно
  • малку цимет
  • половина прашок за пециво
  • 100 мл јогурт
  • 100 г чоколадо

Подготовка: 

Плехот обложете го со хартија за печење. Јаболките излупете ги и мелените ореви измешајте ги со 2 лажици шеќер и наполнете ги во издлабените јаболки. Ставете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути, да се запечат. Извадете ги од рерна.

Изматете ги јајцата со шеќер, додадете 50 мл масло, какао, јогурт, гриз и брашно со прашок за пециво. Јаболките наросете ги со цимет, па ставете слој тесто, преку него остатокот од оревите, па остатокот од тестото.

Ставете во рерна и печете уште 30 минути. Оладениот колач превртете го на тацна и прелијте го со глазура од 100 г чоколадо и 2 лажици масло.

Прегледи:
611
Објавено на:
03.09.2019