Категории

ЈАБОЛКО ДИЕТА – Здраво намалување на килограмите за само неколку дена: Еве како да го јадете ова прекрасно овошје и да ги отстраните маснотиите

Како јаболката ни помагаат да ги намалиме килограмите – одличен трик за здраво слабеење!

Познато е дека јаболката имаат многу здравствени придобивки, но ова овошје е омилено за многумина поради неговата неверојатна моќ да го поттикне слабеењето.

Јаболката во себе содржат 68% вода, па затоа тие спаѓаат во нискокалорична храна која го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Исто така, јаболко со средна големина содржи 4 гр растителни влакна. Конзумирањето на растителни влакна има позитивен ефект врз варењето, го намалува ризикот од дебелеење, го поттикнува топењето на маснотиите и ги храни добрите бактерии во цревата.

 

Ова овошје нè заситува многу бргу и помага во регулирање на нашиот апетит, но најдобриот ефект во процесот на слабеење го има ако конзумираме цели јаболка, а не смути и сокови. Кога ќе изедеме цело јаболко, подолго имаме чувство на ситост.

 

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно јадат и консумираат јаболка побрзо ги губат килограмите. Затоа потрудете се да ги вклучите јаболката во вашето мени секојдневно.

 

Се препорачува да јадете јаболка помеѓу оброците за да го намалите апетитот. Покрај намалувањето на килограмите, јаболката се добри и за здравјето на забите, имаат низок гликемиски индекс, го намалуваат ризикот од дијабетес, имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето, имаат антиканцерогени ефекти, имаат позитивен ефект врз здравјето на мозокот.

Прегледи:
566
Објавено на:
25.10.2019