Категории

Јаболко старо 4000 години пронајдено во Виена – Потполно различно од она кое го јадеме денес

Пронајденото јаболко нема многу сличности со денешните видови. Спрема научниците, овоштарството и одгледување на јаболка стигнало во Европа дури после илјада години.

Археоботаничарите точно пред австрискиот Ден на јаболкото – 13 ноември, го открија најстарото јаболко во Виена досега. Се претпоставува дека примерото е од европското диво јаболко, исушен пред 4000 години, и сочувано за зимница.

Остатоците од јаболкото се пронајдени во ископувањата на неолитската населба во областа Оберла. Селската населба датира од 2400 година пред новата ера. Наоѓалиштето покажува дека јаболкото веројатно било исушено и подготвено за зимница. Се преппоставува дека јаболкото било набрано во шумите кои тогаш го прекривале ридот Лаер и околната долина. Овој плод претставува најстариот примерок на јаболко на тие простори.

„Знаеме за слични наоѓалишта во Швајцарија, каде преполовени диви јаболки се нижеле на конец и се чувале како суво овошје во зима“ – вели археоботаничарката од Универзитеот во Виена, Колер Шјендер.

Пронајденото јаболко нема многу сличности со денешните видови.
Од 1973 година, во Австрија „Денот на јаболкото“ се одбележува традиционално во вториот петок во ноември. Овој ден не спаѓа на официјалниот попис на празници туку е граѓанска иницијатива со цел зајакнување на економското значење на одгледување на јаболка и овоштарство во регијата. Австријците годишно конзумираат околу 70,000 тони јаболка.

Прегледи:
754
Објавено на:
13.11.2020