Ниеден оброк не еднакво вкусен доколку во него нема барем малку лук. Но, по јадењето останува непријатниот здив. Со помош на овие намирници ќе го спречите тоа.
Ментата е билка која го поттикнува варењето и го смирува желудникот, што не е лоша опција по празничното прејадување.
Ротквиците имаат антибактериско дејство и отсекогаш биле познати како освежувачи на здивот.
Лимонот ќе ве спаси од миризбата на прстите, но и во устата. Направете една посилна лимонада без шеќер или поминете низ јазикот со пресечениот лимон. Во лимонадата препорачливо е да изрендате и малку кора за подобар ефект.
Зелениот чај е добар елеминатор на лошиот здив. Пијте го со мед и проблемот ќе исчезне.
Сенфот ќе го неутрализира мирисот на лук доколку во устата ставите една лажица и ја чувате околу една минута. Потоа повторете ја уште еднаш постапката, но овој пат голтнете го сенфот. На крај измијте ја устата со вода.
Млекото исто така е познато како одличен неутрализатор на лошиот здив по јадењето лук. Треба да го пиете и во текот и по јадењето. Полномасното има поголем ефект.
Јаболкото без разлика дали свежо или како сок, помага во освежување на здивот. По јадењето лук, изедете и јаболко.