Јаглехидратите имаат доста лоша репутација. Ако сакате да изгубите тежина морате да го намалите внесувањето на јаглехидрати. А ако во последно време сте надвор од форма, веројатно сте претерале со нивно конзумирање..
Иако постои малку вистина во ова уверување, погрешно е да мислите дека главниот виновник се токму јаглехидратите. Ова се најчестите верувања поврзани со нив кои воопшто не се точни.
На нашето тело всушност не му се потребни јаглехидрати
Иако, теоретски е возможно да се преживее без јаглехидрати, тие никако не се добра идеа. Јаглехидратите се разложуваат во гликоза, и тие се главен извор на енергија за вашиот мозок.
Ако ја ограничите гликозата вашето тело ќе бара други извори на енергија, најчесто од самите мускули.
Јаглехидратите се „лоша“ храна
Лошата храна е храна која нашето тело не ја поднесува добро, храна на која сме алергични или храна која е расипана. Јаглехидратите не спаѓаат во таа категорија па поради тоа, размислувањето дека тие спаѓаат во лоша храна може да ви го расипе расположението кога следен пат ќе јадете пица.
Ако го намалите внесувањето на јаглехидрати ќе изгубите тежина
Кога луѓето на неколку денови од својата исхрана ќе ги исфрлат јаглехидратите, и кога ќе застанат на вагата и ќе забележат намалување на килограмите, тоа автоматски им го препишуваат на јаглехидратите. Тоа може но и не мора да е точно. Губењето на тежина не е загарантирано со исфрлањето на јаглехидратите од вашата исхрана. Во овој случај за губењето на килограмите веројатно е заслужен губитокот на вода, а не маснотии затоа што јаглехидратите се врзуваат за водата.
Јаглехидратите е најдобро да се конзумираат во почетокот на денот
Вашето тело знае што да направи со јаглехидратите без оглед на тоа која доба во денот ги конзумирате. Единствената причина поради која можете да го ограничите внесувањето на јаглехидрати пред крајот на денот е ручекот кој веќе ја задоволува потребната количина за нив – во тој случај, за вечера можете да изберете подобра опција, на пример зеленчук и протеини. Генерализирањето околу тоа кога треба да се конзумираат јаглехидратите е погрешно.
Најдобро време за внес на јаглехидрати е после вежбање
Се зависи од долчината и интензитетот на вашиот тренинг. Ако само сте пешачеле или сте јаделе кратко пред тренингот, нема потреба после тоа повторно да „навалите“ на јаглехидратите. Но ако сте направиле интензивен тренинг, а со тоа не сте јаделе неколку часа, потребно е да го наполнете организмот со јаглехидрати и протеини. Самите јаглехидрати во тој случај не се доволни.
Јаглехидратите се наоѓаат само во тестенините, лебот, оризот и сличните производи
Јаглехидратите се наоѓаат речиси во се. Може да бидат и во млечните производи, овошјето, зеленчукот.. Важно е да одберете кои јаглехидрати ќе ги конзумирате, но никако не треба да се откажете од сите. На пример, храната богата со влакна ќе ве одржи сите подолго време, поради тоа јадете зеленчук а држете се настрана од кексот.
Јаглехидратите и шеќерите се различни нешта
Шеќерот е еден вид на јаглехидрат, како што се скробот и влакната. Шеќерот понекогаш се нарекува едноставен јаглехидрат, но неколку од нив можат да се спојат и да создадат полисахариди кои ги познаваме како сложени јаглехидрати.