На Азурниот брег моментално крстари луксузната јахта “Дилбар” – јахта која смета за најголема во светот и помоќно од тоа кое го имаат богаташите Сандра и Андреј Мељниченко.
И оваа супер јахта припаѓа на руски милијардер, а станува збор за Алишер Усманов, еден од сопствениците на клубот Арсенал.
“Дилбар” со своите 159.99 метри должина е меѓу петте најдолги јахти, но има најголема внатрешност и тешка е речиси 16.000 тони, па според капацитетот е светски рекордер. Покрај таквата масивност лесно се снаоѓа на море и со право го носи прекарот “Sea monster”.
Малкумина знаат за изградбата на јахтата, но тоа што е очигледно, е дека поседува два хелиодроми со паркирани хеликоптери секогаш на услуга на гостите.
Јахтата го соборува рекордот и според димензиите на базен на едно пловило, со 180 метри кубни, а располага и со најмоќен дизел мотор со сила од 30.000KW. На неа има кино сала, лифт и џакузи.
Центата официјално не е објавена, но се верува дека третиот најбогат Русин го чинела 250 милиони долари.
Јахтата името “Дилбар” го добила по мајката на милијардерот, со потекло од Узбекистан.
Извор : brkajrabota.mk