Веќе десет дена импресиите од евровизската песна и видео на Јана Бурческа не стивнуваат. Цела Европа зборува дека конечно Македонија има песна која е светска и дека е една од најдобрите нумери на овогодинешната Евровизија.
Евровизиските фанови постојано снимаат видеа со реакции за нашата евровизиска преставничка Јана Бурческа. Мислењата на сите се дека оваа година имаме навистина одличен пакет за Евросонг. Почнувајќи од пејачката, песната, па се до видеото. На „Јутјуб“ песната е меѓу најслушаните од 43 земји учеснички на овогодинешниот избор. За десет дена веќе има 1 000 000 прегледи.
На сајтовите се обложување за првпат во историјата се случува македонска песна за Евровизија да котира толку високо. Јана Бурческа е на 14-то место од вкупно 43 учесници. Интересно е тоа што ова место постојано се менува со Грција, па така Македонија и нашиот јужен сосед постојано се во борба за 13-то место.
Евровизија ќе се одржи во мај, а дотогаш стискаме палци за нашата Јана Бурческа да се пласира што повисоко.
Извор : makedonijadenes.com.mk