Категории

Јапонија ја решава најголемата мистерија за потеклото на животот

Потеклото на животот е најголемата мистерија која го следи човекот во целата негова историја, загатката која истакнатите умови отсекогаш се обидувале да ја објаснат. Сега се чини дека решението е блиску благодарение на примероците од астероидот Рјугу, кои после долг пат стигнаа во најсофистицираната лабораторија на Јапонската вселенска организација (ЈАКСА).

Капсулата со материја од тој астеродид пристигна на 8 декември во Центарот за вонземјански примероци во јапонскиот град Сагамихара, каде ќе биде спроведена исцрпна анализа која би можела да го осветли потеклото на животот на нашта планета.

Рјуху, пречникот околу 980 метри, припаѓа на т.н. астероидна група од тип Ц (има висока содржија на јаглерод) и се смета дека една од овие карпи и донела вода на Земјата пред милиони години.

Теорија за космичкото потекло на вода на нашата планета
Сондата Хајабус 2 беше лансирана во свемирот во декември 2014 година во потрага по астеродиот Рјугу. После патувањето од три и пол години, во јуни 2018 година стигна до космичката карпа на околу 300 милиони километри од Земјата. Се приближила до астероидот на сигурна оддалеченост од 20 километри и од таму почна да ја набљудува неговата површина со цел да се обиде да слета.

Подготовките за слетувањето траеле подолго отколку што се планирало, затоа што се испоставило дека тлото е понесигурно од очекувантоо. Конечно во почетокот на 2019 година почнала да се спушта со брзина од 90 цм во секунда.

Апаратот ги зеде првите примероци од тлото и се насочи кон сателитот Рјугу. Напредниот уред на бродот ги изврши првите анализи и податоците ги испрати на Земјата. Во март истражувачите го изненадија светот објавувајќи дека на астероидот се откриени минерали кои содржат вода и водород. Откритието индиректно ја поддржа теоријата за космичкото потекло на водата на нашата планета.

После повеќе месеци проучиување и сликање, Хајабус 2 во ноември 2019 го започна своето долго враќање на Земјата со својот драгоцен терет, примероците од Рјугу складирани во метална капсула отпорна на висока температура.

Прегледи:
568
Објавено на:
12.12.2020