Категории

Јапонска тајна за убавина: Маска за лице од ориз и мед го забавува стареењето на кожата

По употребата на оваа лековита маска, кожата станува нежна, многу мека, кадифена и блескава.

Дали сте знаеле дека оризот се смета за лековито козметичко средство? Богат е со витамини Б кои го стимулираат растот на клетките, го забавуваат нивното стареење и го подобруваат снабдувањето со крв на кожата – одлично средство за блескав изглед на лицето. Користено е многу векови, посебно е ценет во рецептите на јапонските убавици.

 

Наоружајте се со тајните на убавината и младоста на јапонските жени и спречете го предвремено стареење на кожата.

 

За да се задржи кожата во беспрекорна состојба и да се спречи предвремено стареење на кожата, јапонските жени користат маска од ориз. Оваа лековита маска за лице со ориз, млеко и мед ќе ви стане омилена затоа што по неговата употреба, кожата станува нежна, многу мека, кадифена и блескава.

 

Подготовка:

Земете 2-3 лажици ориз и варете го на вообичаен начин, сè додека не омекне. Течноста, која ќе ја користите подоцна, процедете ја и оставете ја во посебен сад.

 

Во варениот ориз додадете 1 лажица топло млеко. Промешајте ја смесата додека убаво не се соедини и додадете 1 лажица мед.

 

Нанесете ја маската во подебел слој на исчистената кожа на лицето и вратот. По половина час, внимателно извадете ја маската и измијте ја со течноста од варениот ориз.

 

Покрај горенаведените корисни својства на оризот, неговота течност одлично ја хидрира кожата, содржи антиоксиданти и има апсорбирачки својства на ултравиолетовите зраци. Покрај тоа, таа е во состојба да го врзува бакарот, да го забави формирањето на меланин и со тоа да го спречи настанувањето на пигментните дамки.

 

Може да ја чувате течноста во фрижидер 4 дена. Користете ја наутро и навечер како лосион за лице. Можете да ја замрзнете и да ја користите како коцка мраз за да го избришете лицето.

Прегледи:
858
Објавено на:
25.10.2019