Секоја култура има свои мудрости и начин на толкување на животните лекции.
Ова се јапонски поговорки во кои секој ќе се пронајде и ќе го инспирираат и мотивираат на свој начин.
Ако веруваш во се што читаш, подобро не читај.
Ако не разбираш ништо, тогаш си погрешно информиран.
Верниот слуга не им служи на двајца господари.
Водата не го поместува каменот со сила, туку со упорност.
Времето поминато низ смеа е време поминато со боговите.
Секој прави грешки, па затоа секој молив има гума.
Се што цути, сигурно ќе овене.
Гордоста на просјакот е дека тој не е крадец.