Категории

И јас имам свои права! Знаете ли кои се правата на вашето дете?

Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од правата на секое дете.

Со текот на годините па се до денес многу нешта се подобрени во полето на правата на децата, но не чека уште многу работа на глобално ниво за да се постигне конкретна примена на сите начела. Секое дете како и возрасните, има свои права и тие мораат да се почитуваат и овозможуваат.

Ова се најважните права на децата:

  • Имам право на игра и одмор
  • Имам право на живот
  • Имам право на мама и тато
  • Имам право на учење и школување
  • Имам право на храна
  • Имам право на идентитет
  • Имам право на државјанство
  • Имам право да го кажам своето мислење и да бидам сфатен озбилно
  • Имам право да ги избирам своите пријатели
  • Имам право на заштита од киднапирање
  • Ако се моите родители во друга држава, имам право да живеам со нив
  • Имам право да изберам во што ќе верувам
  • Имам право да откривам нови работи и да ги споделувам со другите
  • Имам право на приватност

  • Имам право на информации кои имаат значење за мојот живот
  • Имам право од заштита од психичко и физичко насилство
  • Имам право на посебна помош ако не можам да живеам со родителите
  • Имам право на заштита ако сум иселеник
  • Имам право на храна, облека, сигурно место за живеење
  • Имам право на заштита од дрога и трговија со дрога
  • Имам право на заштита од сексуално злоставување
  • Никој нема право да ме продаде или купи!
  • Никој нема право да ме казни на суров или штетен начин
  • Имам право на слобода од војна. Децата под 15 години не смеат да бидат војници или на било каков начин да учествуваат во војна
  • Имам право на помош ако сум повреден, занемарен или злоставуван
  • Имам право на правна заштита
  • Имам право да ги знам сопствените права!

 

Прегледи:
1589
Објавено на:
27.11.2017