Категории

Јога – пронаоѓање на внатрешен мир?

Хајди Вилијамс, една од многуте жртви на силување, клинички депресивна, патиентка која страдала од ПТСД, ја раскажува својата приказна за тоа како го пронашла својот внатрешен мир практикувајќи ја јогата секојдневно.

Откако го изгубила своето шест месечно бебе, таа дури се обидела да изврши самоубиство. Причина за да не го стори тоа била јогата, која што ги вратила боите во нејзиниот живот, а сега се чувствува подготвено да им пружи помош на оние коишто имаат најголема потреба од неа.

yoga-therapy-ptsd-anxiety-depression-heidi-williams-9-57ca9d9fea416__700

Се случи токму таму, во таа институција за душевно заболени, каде што се препороди желбата за живот, а спасот го пронајдов во јогата. Таа ме однесе на ново безбедно место, место каде владеат мирот и самопочитта. – изјави Вилијамс.

yoga-therapy-ptsd-anxiety-depression-heidi-williams-1-57ca9d89cdfcf__700

После нејзиното опоравување, Хајди се одлучила да го посвети нејзиниот живот во помагање на многуте жртви кои доживеале иста или слична приказна како нејзината преку он-лајн курс, каде луѓето можат да се поврзат меѓусебно. Најмногу се стреми кон терапевтски јога часови кои би биле посебно наменети за пациентите кои страдаат од депресија, ПТСД, немир, неспокојство и слично.

yoga-therapy-ptsd-anxiety-depression-heidi-williams-11-57ca9da3d4618__700

Освен тоа, таа ги користи социјалните мрежи за да се прочуе зборот што подалеку. Нејзиното кориснично име е heidiwilliams89 со 64 илјади следбеници. Погледнете ги сликите на профилот исполнет со мотивирачки цитати, па можеби и вие ќе го пронајдете вашиот спокој во јогата.

yoga-therapy-ptsd-anxiety-depression-heidi-williams-22-57ca9dc177738__700

Прегледи:
355
Објавено на:
18.09.2016