Категории

Јога вежби против главоболка и мигрена

(ВИДЕО) Кога ве боли глава, задолжително веднаш помислете на одмор во кревет и аналгетици. Сепак, има уште нешто што помага при мигрена, а тоа се јога вежби кои ве ослободуваат од интензивните болки за само 20 минути.

Без разлика дали се резултат на промени во времето, акумулиран стрес, хормонална нерамнотежа или некоја друга причина, главоболките и мигрените се меѓу болестите кои мачат голем дел од населението. Симптомите се индивидуални, како и нивната зачестеност, а заедничко им е тоа што ни пречат во секојдневниот живот бидејќи интензивната болка нè прави дисфункционални.


Доколку со денови ве мачат неподносливи главоболки кои не стивнуваат, обидете се со јога вежби! Инструкторката по јога, Адриен Мишлер, препорачува вежба која треба да се прави секојдневно, а ви се потребни околу 20 минути. Опуштете се со неколку длабоки вдишувања.

Погледнете во видеото како се изведува вежбата, а ќе ви треба килим, перница, маска за очи или пешкир, а за релаксација пожелно е и маслото од лаванда.

Прегледи:
450
Објавено на:
15.12.2021