Категории

Јоргован – Раскошниот пролетен цвет со опоен мирис кој е идеален украс за домот

Мирисот на јоргованите е едноставно хипнотизирачки. Исполнет е со носталгија и ведрина, а неговите деликатни виолетови цветови го прават идеален украс за домот. 

Заносниот мирис на јоргованот и неговата едноставна убавина го прават овој цвет еден од најомилените. Во зависност од видот, јоргованите цветаат од средината на пролетта до раното лето, а многумина од нас мирисот на јоргован ги потсетува на детството и безгрижните денови кога бевме деца.

Вазата со раскошни јорговани ќе биде прекрасен украј во домот, а опојниот мирис на овој цвет ќе го исполни секој агол од собата. Цветовите на јоргованот најчесто се виолетови, но постојат и бели, светло жолти и розови јорговани, а особено елегантно и префинето изгледаат јоргованите во темна нијанса на виолетово.

Цветовите растат во големи градини и некои видови на јоргован имаат силен мирис. Освен како украсни дрва во парковите, јоргованите во ваза одлично се вклопуваат со божурите, каранфилите и лизијантусот.

Зошто вазата со јорговани е идеален украј за довомот ќе ви докажат следните фотографии.

Прегледи:
1531
Објавено на:
24.04.2020