Ако е личниот однос на детето со учителот добар, тогаш не е важно дали неговата педагошка метода одговара или не одговара на најмодерните барања. Всушност, успехот на предавањето не почива во методата.
Цврстата поврзаност со родителите создава препрека подоцна за прилагодување на светот. Човекот кој пораснал предодреден е за светот, а не засекогаш да остане дете на своите родители. Има, за жал, многу родители кои своите деца сѐ уште ги сметаат за деца, бидејќи тие самите не сакаат да остарат и сѐ уште не сакаат да се откажат од својот родителски авторитет и моќ. Меѓутоа, вршат врз детето многу нездраво влијание, на тој начин што им ја одземаат секоја можност за индивидуална одговорност. Оваа штетна метода создава или несамостојни луѓе или такви кои својата самостојност можат да ја најдат само преку споредните патишта.
Други родители, пак, поради сопствената немоќ не се во состојба на детето да му го пружат оној авторитет кој му е потребен за да може подоцна на светот правилно да му се прилагоди.
Оттука, учителот како личност има деликатна задача да, од една страна, не покажува никаков авторитет кој вознемирува, а од друга страна, треба да ја покаже токму онаа одредена мерка авторитет кон детето која и доликува на возрасната, искусна личност.
Ако е личниот однос на детето со учителот добар, тогаш е од мало значење дали неговата педагошка метода одговара или не на најмодерните барања. Всушност, успехот на предавањата не почива во методите. Како што, воошто и не се исклучува целта на училиштето да ги наполни главите со знаење, туку напротив, децата да ги воспитаат да израснат во вистински луѓе. Не се работи за тоа кој со колку знаење излегува од училиштето, туку дали во училиштето успеал младиот човек да се ослободи од несвесниот идентитет со семејството и да стане свесен самиот за себе. Без таа свест за самиот себеси, тој никогаш нема да се ослободи од идентитетот со семејството и да стане свесен самиот за себе. Без таа свест за самиот себеси тој никогаш нема да знае што всушност сака, туку секогаш ќе остане зависен, со чувство дека е погрешно сфатен.
Извадок од книгата „За развојот на личноста“, Карл Густав Јунг