Категории

Јуриј Гагарин пишувал песни, имал своја клупа во паркот а кога извикал „одиме“ го прекршил протоколот

Јуриј Гагарин на 12 април 1961 година бил првиот човек кој отишол во свемирот со Спутник. Пред него во Земјената орбита престојувале само руски кучиња и амерички мајмуни.

Јуриј Алексеевич Гагарин бил роден во мало место Клушино кое во време на Втората светска војна било под германска окупација. Добро е познато и дека неговите родители биле обични луѓе: Мајка му била неписмена и работела во фабрика а татко му бил дрводелец и имал две годишно училиште.

Пред да полета во свемирот, тој имал своја клупа во паркот каде сакал да размислува за ѕвездите.

Тој пишувал поезија посветена за неговата сопруга Вања. Во неговата автобиографија „Пат до ѕвездите“ можат да се дознаат доста интимни податоци за неговиот живот. Особено е интересен делот во кој зборува дека во свемирот отишол како поручник а се вратил како мајор.

„Поехали“ – извикал при полетувањето што во превод значи „полетуваме“. Тој со тоа го прекршил протоколот затоа што требал да каже „Посадо, полетувам“

Сепак се му било простено и останал народен херој се до трагичната смрт на 27 март 1968 кога во 37 година настрадал во сообраќајна несреќа.

Прегледи:
745
Објавено на:
04.11.2020