Категории

Кабина за двајца која нуди неверојатен поглед на поларната светлина

Лоцирана на само 30 минути од  Reykjavík се наоѓа Panorama Glass Lodge, место каде може да престојувате и да уживате во неверојатен поглед на поларната светлина. 

Предвидена е да можат да престојуваат две лица, а нуди неверојатен поглед на ноќното небо, ѕвездите и поларната светлина. Спиењето во оваа стаклена кабина нуди спој со природата и едно уникатно искуство.

Се наоѓа на брегот на морето, на кој има само пет куќи, кои се на поголема одалеченост, со што овозможува комплетно интимно искуство. 

Цените за ова место започнуваат од 342 евра па нагоре, а да најдете слободен термин веруваме е навистина тешко.