Категории

Каде се изгубивме ние, каде сме? Каде е детството, каде е среќата,каде е животот?

Седам така покрај каминот, кој гори тивко,испуштајќи здив кој води во минатото.  Ги прелистувам старите албуми, додека раката ми трепери од жешкото кафе кое ми мириса на светот на возрасните,кафето кое ми ги отвора очите за да можам да разберам,  за да можам да ја осетам суровоста на луѓето, безнадежноста на светот. Тоа ме води само во реалноста, дека се останало во минатото,дека се што било добро, се што било најубаво заминало во тоа вчера кое нема да се повтори никогаш повеќе.

Ги вртам сликите и сфаќам дека го нема детството,ме нема мене, она мало девојче кое беше среќно, секој ден со насмевка,секој ден со нова глупост. Кога ќе ми текне колку ми значеле тие 10 денари кои денес немаат вредност, ми иде да си заплачам на глас, да ги добијам повторно сите оние нешта кои сум ги купила со ќеф,кои биле толку мали, а сепак големи. Се можевме да купиме со малку пари и пак да ни останат. Тоа беа времиња, баравме да ни купат,молевме да ни дозволат за потоа да се радуваме што сме добиле нешто, иако по тежок пат, иако можеби со малку мака. Тогаш имавме се што ни требаше, и  денес имаме се што ни треба, денес можеме да си дозволиме дури и повеќе, но, ништо не ни е драгоцено како тогаш.

Денес се губи вредност многу брзо, денес за се поминува радоста додека трепнеш.

Но, чекај, тука се и  сликите, од игрите на улиците, заедно со лузните кои останале како печат кој буди спомени. Гледам на сликиве скромни деца кои се радувале на снегот, на летото, на се што претставувало детство.

1 2

Прегледи:
833
Објавено на:
27.03.2016