Категории

Каде се изгубивме ние, каде сме? Каде е детството, каде е среќата,каде е животот?

Но денес, нема никој повеќе,ги нема другарките, другарите оние со кои сум ги делела сите моменти на радости, на тага. Сите се разлетаа низ светот барајќи ја среќата, барајќи ја иднината. Заедно сме само овде во спомените, во она што не опишува нас и тоа што сме биле ние.

Но како можев да заборавам на првите симпатии, кои побудувале чувства на љубов, на среќа. Кога ќе ми текне на тие пеперутки во стомакот, се смеам на глас, колку само малку сме разбирале од болка.

Но денес, денес ја разбираме. Денес сме повредени, денес сме разочарани, денес сме само млади кои не можат да се снајдат во овој свет без насоки. Ми фали да знам дека моето срце не е скршено, ми фали онаа искреност која беше насекаде,а денес ја нема никаде. Сите брзаат денес некаде, сите си го гледаат својот пат, но никој  не си го гледа својот живот. Сите мислат како му е на другиот, никогаш како им е на нив. Едноставно не си го гледаат животот, го гледаат туѓиот.

Немаме денес живот, денес живееме во некој филм кој ни го режира некој друг.

Каде се изгубивме ние, каде сме? Каде е детството, каде е среќата,каде е животот?

Зошто дозволуваме други да ни го држат пенкалото на животот, зошто не застанеме цврсто на свои нозе, со свое јас, со едно достоинство кое ќе ни примами насмевка? Зошто?

Но, залудни се зборови кога делата згаснуваат пред прагот кој останал сам и нем. Мислите треба да не водат кон среќата, треба да не следат,да бидеме полни во душата, разбудувајќи се секое утро со насмевки, едноставно да одлучиме да бидиме среќни.

Од нас започнува се, од нас завршува се.

Резултатот само од нас зависи, ние сме креатори на нашата среќа, ние треба да одлучиме да бидеме среќни, а таа одлука нека биде денес.

Денес бидете вие, денес одлучете да ја газите неправдата, пред таа да ве изгази вас.

Не го сонувајте животот, живејте го сонот.

Белешките на девојката со челично срце

1 2

Прегледи:
834
Објавено на:
27.03.2016