Категории

Каде ве бакнува мажот открива дали е заљубен?

Не е сеедно каде „завршуваат“ бакнежите, затоа ако имате дилема „што гледа во вас“, обрнете внимание на тоа каде ве бакнува

Ако имате дилема дали вашиот партнер е заљубен во вас, само му се допаѓате или во вас гледа само пријател, обрнете внимание на тоа каде ве бакнува. Каде „завршуваат“ бакнежите, не е сеедно, и наведува на неколку најчести места, а тоа да не е француски бакнеж.

Во образ
Ако мажот со кој сте во врска најчесто ве бакнува во образ, можно е да не е ни во сексуална ни во романтична смисла заинтересран за вас. Но доколку овие бакнежи не се единствени, тоа е само знак дека искрено ве сака.

На чело
Тоа е знак дека помеѓу вас постои голема блискост и дека на партнерот му сте привлечни и драги во исто време. Бакнежот на чело е единствениот начин другата страна да искаже заштитнички став и поддршка.

Во врат
Доколку вашиот партнер ве бакнува на вратот, тој се обидува да ве доведи во искушение и да покажете дека сте ранливи. Тоа истовремено е и силна ерогена зона, па целта на овие бакнежи е да ве возбудат.

На стомак
Бакнежите на стомак значат дека партнерот е сосема опуштен со вас, тој чувствува огромна блискост но и сексуална привлечност. Многу е мала шансата некој да ве бакне на стомак доколку сте му минлива авантура.

Прегледи:
2475
Објавено на:
22.09.2019