Категории

Кафетерија украсена со џиновски плишани мечки – Најслатката празнична декорација ја има ова место во Земун

Сместена во Земун, на адреса „Његошева 53“ во Белград, кафетеријата Гардош на своите гости покрај одличната услуга и нуди и пријатен амбиент во идиличното празнично уредување.

Нивната градина е идеално место за бегство од градската бучава а она што особено го привлекува вниманието и го прави ова место уште понеодоливо се џиновските плишани мечки со кои е украсена.

Секогаш уникатни во својот начин на украсување кога се во прашање божиќните празници, овој пат тие им подготвија вистински невообичаен изглед кој особено ќе ги развесели најмладите.



Прегледи:
901
Објавено на:
12.11.2020