Категории

Какаото како напиток за здравјето и расположението

Дрвјата на какао потекнуваат од тропските региони на Централна и Јужна Америка каде што се одгледуваат илјаници години.

Маите и Ацтеките биле меѓу првите цивилизации коишто одгледувале какао и го користеле како напиток.

Кои се здравствените придобивки од пиењето какао, дознајте во продолжение…

  • Какото е богато со моќни антиоксиданси кои помагаат против борбата со оксидативниот стрес и го намалуваат воспалението во телото. Овие антиоксиданти може да придонесат за кардиоваскуларното здравје и да го намалат ризикот од хронични болести.
  • Флаванолите коишто се наоѓаат во какаото можат да придонесат во подобрувањето на когнитивната функција односно меморијата.
  • Какаото содржи соединенија коишто можат да стимулираат ослободување на ендорфин и серотонин што доведува до чувство на задоволство и благосостојба. Умереното консумирање какао може да го подобри расположението и да ги намали симптомите на стрес и анксиозност.