Пејачката Адел успеа да симне дури 45 килограми, а својата нова линија ја покажа на забавата по доделувањето на Оскарите. Целиот свет почна да се интересира за нејзината диета
Се пишува дека познатата музичка дива применувала т.н. Sirtfood диета во која се внесуваат дури 1000 калории дневно и се пијат природни зелени сокови. Транформацијата ја започна после разводот, и после година дена упорност таа успеа да ја доведе својата линија до совршенство.
Sirtfood диетата е една од најпребаруваните диети изминатата година, а се работи за начин на исхрана во кој се конзумира храна која потекнува од настанувањето на ензими кои се нарекуваат сиртуини, кои спрема истражувањата го забрзуваат согорувањето на калории, го смалуваат апетитот и го забрзуваат метаболизмот и намалуваат воспалението.
На големо изенадување на многумина, во оваа диета се дозволени чоколада и вино.
Диетата се состои од две фази и трае три недели.
1 фаза: Дневно се внесуваат три зелени сокови кои соржат магдонос, целер, зелено јаболко, сок од лимон и зелен чај. Со ова се конзумираат 1000 калории во еден ден.
Оброците со храна вклучуваат боровинки, кафе, целер, зелени јаболка, соја, јагоди, чоколадо со 85 посто какао и куркума.
2 фаза: Трае 14 дена. Во текот на двете недели потребно е да се конзумираат три Sirtfood оброци и да се испие еден Sirtfood зелен сок.
Се започнува и со вежбање во траење од 30 минути, пет пати неделно.
Се нагласува дека во првата фаза не се внесува доволно протеини што може да резултира со губење на мускулите и успорена работа на метаболизмот.