Бременоста го менува вашиот ум и тело со последователна низа на промени. За почеток, вашето тело произведува невообичаени количества на хормони. Понекогаш ќе се чувствувате исцрпени, нерасположени и заборавени. Телесните промени ќе бидат бргу видливи, а вие ќе купувате се поголем број на градници. Но дали знаете дека покрај вас, бременоста го менува и вашиот партнер?
Како бременоста ве менува вас?
Си дозволувате повеќе работи за себе
Бременоста е период каде што повеќето од жените осознаваат дека нивните сопрузи се почувствителни на нивните потреби. “Чешкање на стопалата? – Со задоволство душо.“ Искористете го ова, дозволете му да ве чува како капка роса ако ве прави вас, а и него среќни.
Станувате негов критичар
„Дали ќе престане некогаш со цигарите? Зошто не си ги става работите на место? Зошто соленото јадење не го зачинил повеќе…“ и слични фрази кои ги користите за да ги прекриете тегобите кои ги имате, да ги истакнете неговите недостатоци и да барате совршенство кое не постои. Верувајте во него, тоа е истиот човек во кој што се вљубивте, со истите квалитети и маани.
Вашата силна страна полека исчезнува
Хормоналната нестабилност и променливост ве доведува до избувнување во секунда иако никој не сака да ја вознемирува бремената дама. Доволно е да запомнeте дека периодот од 9 месеци не е толку тежок колку што пишува на интернет или книгите за бременоста, сепак иако некои нешта се заеднички, секоја бременост е приказна за себе. Дозволете им на хормоните да беснеат ако не можете против нив, но сепак запомнете дека понекогаш зборувате токму во нивно име, а не во име на здравиот разум.
Се здебеливте? Или некого храните?
Секогаш кога сакате да се погледнете во огледало и да ѕирнете во што „се претворате“ размислете: дали сте тоа само вие или има уште еден сладок живот кој во вас се крие. Хранете се толку здраво како што сакате да се храни и вашето мало. Деветте месеци припаѓаат на ембрионот, се што конзумирате се одразува, но сигурно не само на вас.
Станувате мултитаскер
Одеднаш почнувате да имате симптоми на ужасно педантна личност и перфекционист. Сакате се да ви стои на место, и го организирате и чистите домот како никогаш порано. Не поднесувате никакви недовршени работи од партнерот, кои треба наводно да „почекаат“. Понекогаш ова ве исцрпува, и физички и емотивно, па подобро запрашајте се дали фрлената крпа на подот е толку важна?
Како бременоста го менува него?
Станува ваш персонален асистент (таткоситерка)
Верувале или не, во периодот на бременоста покрај трудницата, најзагрижен е мажот. Одговорноста од негова страна никогаш не била на повисоко ниво. Па така дами, чувствувајте се слободно бидејќи периодот од 9 месеци не е толку лоша прилика за да добиете се што посакате.
Машка загриженост
Можно е да забележите дека неговите прашања се повторуваат од несвесност – „Сигурна си дека смееш да го јадеш тоа?“ Да, можеби станува здодевен, но имајте на ум дека тој никогаш нема да се најде на ваше место како и вие на неговото. Колку што овој период е ново искуство за вас, толку е и за него.
Секс? Што беше тоа?
Звучи чудно, но некои мажите за време на бременоста се исплашени мислејќи дека ќе го повредат бебето и избегнуваат секс. Потрудете се му објасните како функционираат нештата во вашето тело за да ги смири недоумиците.
Ги средува сите обрвски
Звучи чудно, но вистина е! Ако претходно негодуваше кога ќе побаравте да заврши нешто, сега „лета“ да го заврши што побрзо. Не ја злоупотребувајте неговата љубов, но сепак слободно можете да си дозволите да напишете листи со нешта кои ви требаат.
Се здебелува
Не сте единствените кои добивате плус на вагата. Ако ви е за утеха ќе се гледате едни со други во вашата трансформација. Барем нема да ви жал што само вие не изгледате витко како пред девет месеци. А потоа, слободно можете заедно да бидете на режим на здрава исхрана и вежбање за да се вратите во посакуваната форма.