Категории

Како да ги претворите негативните мисли во позитивни: 3 начини да ја отфрлите лошата енергија

Сами избираме на што ќе се фокусираме – еве како брзо да ги претвориме негативните мисли во позитивни!

Ние сами одлучуваме на што ќе се фокусираме. Потребно е само да го промениме аголот на набудување на одредена ситуација и да одлучиме која ќе биде темата на која ќе обрнуваме внимание.

 

  1. Обидете се да се сетите на некоја работа, ситуација или личност која кај вас буди позитивни емоции.

 

  1. Дозволете ова чувство на пријатност да се прошири низ вашето тело. Нека благодарноста, добрината и среќата го обземат целото ваше тело. Насмевнете се. Тоа добро чувство што ве исполнува е исто она што го чувствувате кога ќе сретнете добар пријател или кога сте во прегратка на некој близок – така ќе знаете како да го препознаете.

 

  1. Останете во тоа чувство онолку долго колку што сметате дека е потребно. Кога ќе се почувствувате подобро, вдишете и издишете и само посматрајте што ќе се случи следно. Дишете во пријатните чувства и издишувајте низ насмевка. Потоа слободно можете да се вратите во сегашниот момент.

 

Практикувајте ја оваа вежба секогаш кога ќе почувствувате потреба и останете во тоа мирно и удобно чувство онолку долго колку што ви е потребно. Како прегратка со најдобар пријател што секогаш трае толку долго колку што е потребно.

Прегледи:
656
Објавено на:
11.03.2020