Категории

Како да ги вратите документите што случајно сте ги избришале?

Голем број на датотеки и документи од вашиот компјутер или телефон ви се значајни – од семејни фотографии до извештаи, документи и слично. Ако случајно сте избришале нешто кое сте сакале да го чувате, тогаш сигурно за вас претставува една од најлошите дигитални катастрофи кои можете да ги замислите.

Но, пред да паднете во очај, добро би било да ги следите овие чекори – постојат неколку начини како да ги вратите документите (доколку имате среќа).

Првите чекори

Кога компјутерскиот систем ги бриши документите, тие всушност го обележуваат просторот дека е слободен за нов документ. Така, ако вашиот хард диск е една зграда, тогаш вашите избришани датотеки не се протерани, туку нивните станови се означени како слободни за други да можат да се вселат.

Ова значи дека ако сте брзи, имате шанса да си ги вратите документите, но потребно е да реагирате веднаш и во меѓувреме да го користите компјутерот колку што е можно помалку, минимизирајќи ја можноста други датотеки да го преземат просторот на старите датотеки. Ова се однесува на повеќето стара школа на хард дискови со подвижни делови. На „SSD“ дисковите (Solid-slate driver) работите се малку покомплицирани – можете да ги вратите податоците, но процесот е покомплициран.

Пред да го започнете било кој чекор, проверете случајно документите да не завршиле во „Recycle Bin“ (Windows) или „Trash“ (macOS). Ако се таму, едноставно направете „copy“ и „paste“ и документите ќе бидат вратени.

Ако не можете да ги најдете никаде, проверете дали се наоѓаат во некоја фото библиотека на интернет. Чекорите за враќање од „Microsoftt OneDrive“ или „Apple iCloud“ се прилично лесни.

Во иднина, препорачуваме сите документи да ги префрлите на ваквите дискови – без разлика дали ќе се одлучите за „OneDrive“ или „iCloud“ или сличен сервис како „Dropbox“ или „Google Drive“.

Најдобрите алатки за враќање на документи

Ако не можете да ги пронајдете документите/фотографиите, тогаш потребна ви е нова алатка за враќање на датотеките.

Една од најдобрите е „Recuva“, која работи во стил на семафор и ви кажува колкава е можноста да си ги добиете фајловите назад. Подлабоко скенирање е овозможено, секако, доколку имате доволно време да чекате и не можете да го пронајдете она што го барате со нормално скенирање.

Други достапни опции се „DMDE“ и „EaseUs Data Recovery“ и двете се добро проверени опции за „Windows“, додека за оние со „MacOS“, земете ги во предвид „Disk Drill“ или „MiniTool Mac Data Recovery“. Всушност, добра идеја е да направите скенирање на повеќе од една програма, бидејќи сите овие апликации користат поинаков метод за враќање на документите.

Лошите вести се дека ниту еден од овој софтвер, па дури ни премиум ниту платен, не може да гарантира дека ќе ги вратите избришаните документи. Едноставно, постојат многу променливи вклучени во процесот. Но, имате добри шанси ако податоците биле избришани неодамна.

Документи на таблети и телефони

За да ги вратите документите од „Android“ телефон или „iPhone“ е малку покомплицирано бидејќи овие уреди имаат повеќе контрола врз тоа како датотеките се чуваат и се ограничени. Исклучок е ако се обидувате да ги вратите фајловите зачувани на мемориска картичка на „Android“. Во овој случај, складирањето на датотеки е едноставно – искористете читач на картички за документите да ги префрлите на компјутер.

Инаку, процесот е прилично комплициран. Пребарајте на интернет и ќе наидете на многу алатки кои можат да вратат документи за „Android“, но сите бараат дополнителни привилегии, па не секој се чувствува безбеден. Најдобра алатка за тоа е „DiskDigger“, додека „MobiKin Doctor“ можете да го искористите и од вашиот компјутер. Ова се најдобрите опции за „Android“ иако можете да најдете многу други.

извор:факултети

Прегледи:
492
Објавено на:
27.04.2017