Категории

Како да ги заштитите испуканите усни?

Во текот на студените денови, усните можат многу да страдаат. Тие можат да бидат суви и груби. За да го спречите тоа, потребно е редовно да ги мачкате со балсам од природни состојки.

Доколку сакате да ги заштитите вашите усни, едно од нештата кои не треба да ги правите е да ги лижете усните. Испуканите усни можат да бидат болни и крвави. Многумина погрешно мислат дека со лижењето на усните тие се навлажнуваат и хидратизираат, но тоа не е добро решение. За ваквиот проблем може да помогне и краставицата. Се што треба да направите е да ја исечете краставицата на тенки кругчиња и да ги ставете ги на усните. Водата од краставицата ќе ги омекне и хидрира вашите усни.

Исто така не треба да ставате кармин на вашите усни. Прикривањето на сувите усни со кармин или сјај е лош потег, бидејќи карминот во комбинација со сувата кожа на усните не изгледа привлечно.

За да ги одржите вашите усни во добра состојба, исто така можете два до три пати во неделата да им обезбедете добар пилинг. Најпрво направете смеса од кафеав шеќер и вода, а потоа нежно тријте го пилингот додека усните не станат меки.