Категории

Како да го истренирате вашиот ум да ги цени малите нешта во животот

Алармот ѕвони и тоа значи дека е време да станете и да скокнете во акција, да ја направите цела утринска рутина и да му се препуштите на денот кој со себе ја носи работата, брзата вечера, спиењето. И постојано истото, одново и одново.

Не е ни чудо да страдате од вознемиреност. Но иако можеби нема да бидете во можност да контролирате се, постојат начини кои може да ви помогнат да го смирите вашиот дух.

Променете ја вашата ментална перспектива и направете го својот живот попријатен со тоа што ќе го научите вашиот ум да се фокусира на позитивните работи што се случуваат околу вас. Со тоа што ќе ги признаете малите нешта и на нив ќе гледате со задоволство ќе ја почувствувате радоста.

Времето е сега

Токму сега, во овој момент, разгледајте околу себе. Размислете за сите мали работи за кои треба да сте благодарни.  Многу луѓе кои никогаш не би размислувале за пишување во дневник што во основа е едно прекрасно терапевтско помагало. Користете го за да ја споменете моменталната боја на небото или вашата омилена облека која сте ја купиле при шопинг со вашиот најдобар другар или само што сте имале прекрасен оброк. Сето тоа е за вас, па одвојте еден момент за да ја утврдите вистинската цена на она што ве опкружува.

Одлучете што е важно

Земете празно парче хартија и запишете ги најважните луѓе и најважните цели во вашиот живот. Потоа одвојте време и размислете за секој остварен контакт, за секое достигнување.  Направете им го денот посебен на оние што ви значат и тоа ќе има повратен ефект. Запаметете дека со тоа вие победувате.

Движете се 

Докажан е фактот дека тоа што ќе си оставите време за физички вежби може да има големо влијание и на телото и на вашата ментала состојба. Разлика може да направат и получасовни брзи прошетки на кои ќе го забележите сето она што ве опкружува и повторно ќе почувствувате благодарност. Ослободете ги мислите и вдишувајте. Малите нешта се оние кои треба да бидат издигнати над се.

Ширете ја својата љубезност

Сфатете дека вие сте вреден член на човечката раса и има луѓе кои тоа го знаат и го ценат. Заблагодарете им се на оние кои ви упатуваат убави желви, пофалете ги оние околу вас, подигнете ја монетата која предмалку ненамерно ја испушти случаен минувач и подадете му ја. Тогаш ќе сфатите колку можете и колку треба да го цените фактот што можете да направите нешто повеќе.

Барем за момент исклучете се од светот

Ви треба време за да се ослободите? Украдете го од светот. Вклучете ја музиката која ве смирува, отворете добра книга и исклучете го телефонот. За момент не барајте ништо повеќе, само сетете се на добрите работи. Медитирајте и ресетирајте го вашиот ум за она што следи. Животот е полн со мали, прекрасни нешта кои не вреди да се испуштат. Ценете ги добрите и лошите моменти затоа што тие се важни. Ништо во овој свет не е лесно, но обидете се да го ублажите тоа.

 

 

 

Прегледи:
460
Објавено на:
05.07.2018