Категории

Како да го избегнете стресот за време на пандемијата на вирусот корона

Сега е најважно да ја задржиме смиреноста

Глобална епидемија, бројот на заразени расте, прогласена е вонредна состојба.. Моменталната ситуација е голем тест за сите нас.
Многумина се исплашени и во паника поради ширењето на корона вирусот и затоа сите кои се во можност мораат да помогнат.

Многу е важно да се остане присебен и да не се паничи во ваква состојба за да се избегнат негативни последици по менталното здравје, а стручњаците истакнаа шест навики кои помагаат при анксиозноста и нападот на паника.

Тие советуваат:
-Да ја приспособите вашата рутина во домашни услови.
-Да избегнувате непроверени вести, но истовремено да се информирате за клучните ставки во избегнувањето на пандемијата.
-Да го чувате вашиот имунитет со спиење и одмарање.
-Да практикувате лесни вежби во домашни услови.
-Да избегнувате брза храна која доведува до лачење на кортизол – хормонот на стрес.
-Да го намалите внесувањето на алкохол и кофеин.
-Да практикувате активности кои опуштаат (слушање музика, читање книги, медитација, цртање..)

Немојте да паничите, ширете позитива. Така ќе си помогнете на себеси и на другите.