Категории

Како да го освоите уште на првиот состанок?

Неколку едноставни начини на кои ќе го освоите мажот од соништата уште на вашиот прв состанок

Иако можеби не делува толку едноставно, всушност постојат неколку одлични начини како да оставите одличен прв впечаток и да го освоите потенцијалниот партнер уште на вашиот прв дејт. Како да не му излезете од мисли и да посака да ве види повторно.

Бидете добар слушател
Колку сте подобар слушател толку повеќе тој ќе сака да поминува време покрај вас. Оние жени кои постојано зборуваат само за себе и не можат да поднесат да не се во центарот на вниманието се одбивни и нападни. Доколку внимателно го слушате што има да каже, ќе му бидете многу попривлечни.

Водете грижа за држењето
Немојте да одите со наведната глава. Држете се исправено и самоуверено, но притоа делувајте опуштено и спонтано, немојте да бидете кокетни. Одвреме на време додека зборувате допирајте го за рацете.

Немојте да се трудите премногу
Немојте да се појавите на првиот состанок како да сте поминале со часови средувајќи се за да оставите добар впечаток, секако тоа не значи дека треба да дојдете како штотуку да сте станале од спиење. Носете нешто во кое се чувствувате удобно и женствено, ставете минимална шминка и погрижете се вашата коса да изгледа средено и елегантно.

Зборувајте за нештата околу кои чувствувате страст
Доколку имате некое хоби или практикувајте некој спорт, или работите нешто кое ве мотивира, слободно раскажувајте за тоа колку ве исполнува и ве прави среќни. Мажите сакаат жени кои чекорат според сопствениот ритам.

Почитувајте се себеси
Немојте да дозволите да ја преминете границата на самопочитувањето, нити да дозволите тој да го направи тоа. Поставете јасни граници и не дозволувајте никој да направи чекор позади нив.

Насмевнувајте се
Насмевката секогаш остава впечаток на пријатна, забавна и весела личност. Секој покрај себе сака личност која шири позитивна енергија. Немојте да седите намуртени и да гледате наоколу од „висина“.

Прегледи:
598
Објавено на:
17.06.2020