Категории

Како да го спречите опаѓањето на косата: 2 домашни третмани кои ќе ви помогнат

Брзиот начин на живот, стресот и неправилната исхрана влијаат врз квалитетот на косата. Се повеќе луѓе патат од прерано губење на косата, чешање, првут и сува безживотна коса без оглед на годините. Губењето на косата, чешањето и првутот се доста упорна и фрустрирачка појави. Со адекватна нега, можете да го решите овој проблем. Најдобрата нега е природната, поточно, препарати со билни состојки. Еве како вашата коса повторно да биде густа и сјајна.

Излупете 1 голем компир, изрендајте го и истиснете го сокот. Измешајте 2 лажици од овој сок со 2 лажици сок од алое вера и 20 грама мед. Измешајте смесата добро да се соедини и ставете ја во коренот на косата и лесно масирајте со прстите. Ставете кеса за бања или завиткајте ја косата во крпа и оставете да делува 2 часа. Потоа измијте ја косата со шампон. Оваа маска се користи 2 пати неделно.

При опаѓањето на косата помага и жешкото пиво. Со него се премачкува коренот на косата а потоа се завиткува во топка крпа. Овој процес се прави 3 пати неделно.

Прегледи:
496
Објавено на:
28.09.2019